X
 15.06.2022 Економија

Што е хиперинфлација и кога се јавува?

Хиперинфлација е кога цените месечно растат најмалку 50 отсто, додека истовремено паѓа вредноста на парите.

Во овие околности има повеќе пари во оптек, па затоа нивната вредност дополнително се намалува, а поскапувањето е поголемо. Во меѓувреме, луѓето сè потешко ги задоволуваат основните потреби, а стандардот на животот е понизок. Некои луѓе се соочуваат со опасност од банкрот, додека други купуваат премногу намирници и со тоа предизвикуваат недостиг на производи.

Поради тоа, во ова сценарио многумина се одлучуваат за користење странски валути со стабилен курс, а во екстремни случаи некои користат размена на стоки.

Хиперинфлација може да се случи од неколку причини. Една е кога централната банка на државата ќе испечати многу пари како одговор на економска депресија, а во меѓувреме тоа не е следено од економски раст.


Фото: Pixabay

Хиперинфлација може да се случи и кога граѓаните губат доверба во домашната валута, што се случува во време на војна или криза.

Досега неколку пати во светот се случила хиперинфлација, а најпозната е онаа во Германија во 1920 година кога инфлацијата изнесувала неверојатни 30.000 отсто. Еден леб во Берлин во јануари 1923 година чинел 250 марки, а веќе во ноември истата година чинел 200.000 марки.

Наведените околности може да бидат катастрофални за државата и може да предизвикаат целосен колапс на економијата, а соочувањето со оваа ситуација може да биде многу тешко и најчесто подразбира замена на постојната валута со нова или странска валута.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија