X
 05.10.2023 Економија

Сертификат за поседување автомобил чини над 100.000 долари во Сингапур

Цената за сертификат за поседување семеен автомобил во Сингапур се зголеми на рекордни 144.002 сингапурски долари (106.619 американски долари).

Сингапур воведе 10-годишен сертификат за поседување автомобил во 1990 година како мерка за намалување на сообраќајниот метеж. Жителите на Сингапур што сакаат да поседуваат автомобил прво мора да купат сертификат на аукција која се одржува на секои две недели. Владата го контролира бројот на сертификати на продажба.

Овој систем, заедно со високите даноци и царини, го прави Сингапур најскапо место во светот за поседување автомобил. На пример, нов автомобил „тојора камри хибрид“ чини околу 250.000 сингапурски долари, што е околу шест пати поскапо отколку во САД.

Во Сингапур се доделуваат различни видови сертификати за помали автомобили, мотоцикли и комерцијални возила. Цените на сертификатите се на рекордно високи нивоа во последниве месеци бидејќи побарувачката се зголемила по пандемијата.

Најевтиниот сертификат за автомобил во Сингапур чини 104.000 сингапурски долари, речиси тројно повеќе отколку во 2020 година.

Во Сингапур живеат најголем број милионери од сите земји во светот, но просечната плата на жителите изнесува околу 70.000 сингапурски долари годишно. Многу Сингапурци не може да си дозволат автомобил, а владата ги охрабрува жителите да го користат јавниот превоз, кој се смета за еден од најдобрите во светот.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија