Вирусно видео се појави на “Facebook“ од 6 годишно момче кое чита писмо упатено до американскиот претседател Барак Обама, кое третира жешки теми за човештвото, како прашањето за сириските бегалци.
Алекс, 6-годишно момче од Њујорк, напишал писмо до Обама откако ја видел сликата по медиумите на
Омран Дакнеш, 5 годишно сириско момче снимено како седи во брза помош, откако воздушниот напад го уништил неговиот дом.
На неодамнешниот Самит на Обединетите Нации за бегалската криза, Обама го прочитал писмото, во кое Алекс нуди да го отвори својот дом за семејството на Дакнеш.
Белата куќа потоа го продуцира и објави видеото, каде Алекс го чита писмото, што нуди една значителна поинаква перспектива за сириските бегалци, само неколку дена откако
Доналд Трамп Џуниор ги спореди нив со отровни бонбони.
Во пост на Facebook, Обама напишал:
"Ова се зборовите на шест годишно момче, младо дете кое не знае да биде цинично или сомнително, или да се плаши од тоа од каде другите луѓе доаѓаат, како тие изгледаат и како се молат. Ние сите треба да бидеме како Алекс. Замислете како светот би изгледал ако бевме како него. Замислете би можеле да го олесниме страдањето и би можеле да спасиме животи“- напишал Обама.
Сирискиот конфликт започна во 2011 година, кога претседателот Башар Ал-Асад презеде остри мерки против демонстрантите, кои излегоа на улиците, да протестираат против кршењето на граѓанските права. Од таму, се повеќе секташки конфликти се појавија, со владите од Сирија, Русија и САД, со фрлање на бомби врз разни бунтовнички групи кои се борат на земјата, при што во процесот загинаа и се раселуваа илјадници цивили.
Во август, САД ја достигна својата цел за прием на 10.000 сириски бегалци по бавниот почеток, а повеќето од бегалците се раселени во последните три месеци пред рокот за крајот на фискалната година, 30 Септември- објави медиумот “
New York Times“.
Да се стави ова во контекст, тука се и бројките на земји кои ги прифатиле сириските бегалци за преселување, според извештајот објавен во февруари 2016 на “
Amnesty International“:
"Повеќе од 4,5 милиони бегалци од Сирија се во пет земји: Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет“.
“Во 2015 година, само 30 земји во светот понудија места за бегалците (што значи градови или населби) да се преселат, од вкупно 196.
"Најмалку 450.000 луѓе во пет главни земји-домаќини или 10% имаат потреба да се раселат според Агенцијата за бегалци на ОН“- информираат од УНХЦР.
"Држави од Персискиот залив како: Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин понудија нула места за раселување на сириските бегалци. Другите земји со високи приходи, вклучувајќи ги: Русија, Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја, исто така, понудиле нула места за преселување“.
"Германија ветила 39.987 места за сириските бегалци преку програмата за хуманитарна прием и индивидуални спонзорства, што е околу 54 проценти од вкупниот број на ЕУ."
"Со исклучок на Германија и Шведска, останатите 26 земји членки на ЕУ ветија околу 30.903 места за преселување или околу 0,7% од сириското население за бегалци во главните земји-домаќини."
Истиот месец, “New York Times“понуди
некои статии за итноста што стои зад селењето на бегалци од Сирија: "Извештајот од сирискиот центар за политички истражувања, соопштил дека најмалку 470.000 Сиријци починале како резултат на војната, што е речиси двапати повеќе од 250.000, бројка од една година и половина на Обединетите Нации, се додека не престана броењето поради недостаток на доверба во податоците".