X
 30.09.2016 Живот

Незаборавно септемвриско Бизнис кафе Македонија

Преку 250 гости беа дел од синоќешното незаборавно Бизнис Кафе Македонија кое дефинитивно ги подигна границите за организирање на бизнис-нетворкинг настани во државава.







Во преполниот Нола ланџ-бар во Скопје, посетителите имаа можност да се дружат и да слушнат од искусни, светски признаени маркетинг експерти кои несебично го споделија своето искуство, погледи и совети за бизнис-светот кој не опкружува.

Ова издание на Бизнис Кафе беше организирано во партнерство со македонската агенција за органзиирање на настани P World, која за оваа прилика обезбеди тројца исклучително признати гости од светот на политичките комуникации и односите со јавноста.

Г-ѓа Мери Џо Џејкоби, поранешен претседателски советник и глобален експерт за репутација со работно искуство во водење на компании како: BP America, Royal Dutch Shell, Lethman Brothers, HSBC, пред гостите на Бизнис Кафе Македонија зборуваше за предизвиците кои комуникациските стручњаци ги имале како дел од високата политика во САД и разно-разните примери на решавање на комуникациски кризи за некои од најголемите светски брендови за кои имала прилика да работи.



Г-дин Патрик Џефсон го сподели своето искуство од 8-годишната соработка како генерален советник на принцезата Дајана и опкружувањето со елитите кои се придружен декор во секојдневните активности како поручник во Викторијанскиот ред.

Посетителите имаа можност да се дружат и да го слушнат и Г-дин Лазар Џамиќ, доскорашен директор на брендот за планирање на маркетинг агенцијата на Google , Google ZOO, еден од најбараните светски говорници-експерти за дигитални комуникации кој зборуваше за адвертајзинг светот кој секојдневно се менува и како денешните маркетинг професионалци треба да се издвојуваат од “адвертајзингот кој загадува“ и да се насочат кон “адвертајзингот кој создава вистински врски и вредности“.



За крај, посетителите слушнаа од Г-дин Коста Петров, основач и извршен директор на P World, кој го сподели своето искуство како е да се биде македонски претприемач кој со својот бизнис решил да го освојува светот и кои се проблеми и препреки ги имал надминато со неговиот тим за да денеска може со гордост да каже дека Македонија го има светскиот лидер во организирање на елитни бизнис настани.



После официјалниот дел следуваше уште и неколкучасовна нетворкинг дружба меѓу присутните на која гостите имаа можност во опуштена атмосфера да се дружат и забавуваат, притоа креирајќи нови деловни пријателства и бројни соработки.

Главни покровители на 19-тото Бизнис Кафе Македонија беа: КД Фондови, Property Alliance – City Investment Group и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот