Гелмербан во кантонот Берн е една од најимпресивните комбинации на драматична природна убавина и човечка генијалност и способност.
Една од најинтересните содржини е железницата која овозможува адреналинско возење слично на она во забавен парк. Ова е стандардно превозно средство во Гелмербан, направено за полесно совладување на големи височини со шини до небото.
Швајцарците ја претворија некогашната железничка пруга во туристичка атракција. На почетокот пругата се користела за транспорт на тешки градежни материјали за изградба на браната Гелмер, а денес е отворена за авантуристи. Според многумина, оваа пруга не е само најстрмната и најекстремната во Швајцарија, туку и во цела Европа. Токму затоа туристите сакаат да ја посетат, без разлика дали сакаат да уживаат во планината или во авантура.
Пругата сообраќа од април до октомври исклучиво преку ден, може да превезува 24 луѓе истовремено и се движи по патека долга 1.028 метри. Возењето трае нешто повеќе од 10 минути и чини 36 швајцарски франци.
Фото:
Instagram