Овие девет светски мостови имаат нешто што ги прави посебни: или необичната архитектура или тешко достапната локација.
1. Мостот Gateshead Millennium, Англија
Мостот на реката Тајн во Њукасл е наменет за пешаци и велосипедисти, а поради обликот во форма на полумесечина, личи како да ви намигнува. Во употреба е пуштен во 2001 година.
2. Мостот Langkawi, Малезија
Чудесен мост, висок 660 метри, до којшто единствено може да се пристапи пешки или со жичница.
3. Вијадуктот The Millau, Франција
Еден од највисоките и најдолгите мостови на светот. Висината од земјата до врвот на мостот изнесува 340 метри. За јавноста е отворен во 2005 година, и веднаш е прогласен за едно од најголемите инженерски постигнувања на денешнината.
4. Мостот Allahverdi Khan, Si-o-seh pol, Иран
Во превод „мостот со 33 куполи“, бидејќи толку вкупно ги има од двете страни на мостот. Изграден е во 17 век во Исфахан. Кога не е сушен период, под мостот тече реката Зајандех.
5. Мостот Rialto, Венеција
Од 1588 година, прекрасната архитектура на овој мост им го одзема здивот на минувачите. А речиси половина век, преминот преку каналот го овозможува токму овој мост.
6. Мостот Seven mile, Флорида
Ужива голема популарност на Флорида, а самото име укажува дека е долг една милја, односно 10.888 метри. Ги поврзува Knight’s key и Little duck key. На оваа локација, всушност се наоѓаат два моста, од кои постариот, од почетокот на 20 век е наменет само за велосипедисти и пешаци, а новиот за сообраќај со моторни возила.
7. Мостот Trift, Швајцарија
Еден од најспектакуларните висечки мостови на Алпите. Сместен е меѓу алпските глечери во должина од 170 метри, и на висина од 100 метри. Изграден е во 2004 година, откако се појавила потреба за преминување, предизвикана од топењето на глечерите. На почетокот бил направен од корени од дрва според примерот на непалските мостови, но во 2009 година бил заменет со нов, посигурен и поприфатлив мост.
8. Мостот Chengyang, Кина
Овој мост има две платформи, по една за секоја страна, премин, 19 веранди, пет кинески павилјони... Столбовите на кои стои се изградени од камен, а горниот дел од структурата е од дрво. На мостот нема нити еден клинец. Долг е 64, а висок 10 метри.
9. Мостот Mile High Swinging, Северна Каролина, САД
Како што стои во неговото име, висок е една милја, што значи – 1,6 километри. Ако не се „мрднете“ од паметот кога ќе погледнете надолу, имате можност да уживате во панорамскиот поглед на планината Дедо (Grandfather mountain).