X
 24.07.2016 Култура

Фиктивните мостови од банкнотите од еврото станаа реални

Во 2002 година, Европската централна банка претставила седум нови банкноти за унијата. На секоја од банкнотите има нацртано мост во позадината.


Според банката, мостовите претставувале илустрација за соработката и комуникацијата помеѓу Европа и остатокот од светот, но најмногу меѓу европските земји. Но, ниту еден од овие седум мостови не постоел.

Мостовите биле фиктивни бидејќи било заклучено дека е невозможно да се издвојат 12 архитектонски обележја од секоја нација на Европската унија кога има само седум банкноти.





Австрискиот дизајнер Роберт Калина бил најмен за да нацрта седум различни мостови од различни историски периоди.

Фиктивните мостови на Калина биле одлично прифатени, се' додека еден холандски град во 2011 година не одлучил да ги изгради мостовите.

Дизајнерот Робин Стам ја дал идејата за ова во градот Ротердам. Била одбрана населбата Spijkenisse во предградието на Ротердам за место каде ќе се градат мостовите.













Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура