X
 02.10.2016 Наука

Секое десетто дете е имуно на ХИВ вирусот

Секое 10-то дете има имунолошки систем кој го стопира развојот на ХИВ, според спроведената студија на The Science Translational Medicine. Овој имунолошки систем, научниците велат дека е налик на оној на мајмуните.

 

ХИВ инфекција која не е третирана би убила 60 проценти од децата, за две и пол години, но еднаквата ваква инфекција кај мајмуните не е фатална.

 

 

 

 

Сознанијата можат да доведат до креирање нова терапија  против ХИВ инфекцијата, базирана на овој имунолошки систем. Вирусот постепено го „збришува“ имунолошкиот систем, оставајќи го телото во лоша состојба, а тогаш станува ранливо и изложено на други инфекции.

 

Научниците ја анализирале крвта на 170 деца од Јужна Африка кои имаат ХИВ, никогаш не примале антиретровирусна терапија и не развиле АИДС. Тестовите покажале дека десетици илјади човечки вируси кои предизвикуваат имунодефициенција, се присутни во секој милилитар од нивната крв. Логично, ваквата состојба вообичаено е да доведе до сериозни болести, но кај овие деца тоа не се случило.

 

Истражувачите од Оксфорд Универзитетот сметаат дека имунолошкиот систем на децата едноставно го игнорира вирусот. Вусшност, ненапаѓањето на вирусот помага во зачувувањето на имунолошкиот систем.

 

ХИВ – от ги убива белите крвни зрнца – војниците на имунолошкиот систем.

 

На тој начин, одбранбените сегменти на организмот се премногу изложени на ризици и може да бидат уништени од страна на хронични воспаленија.

 

Експертите сметаат дека заклучокот на спроведеното истражување е дека е најважно како имунолошкиот систем реагира на ХИВ вирусот. За нив, случајот со секое десетто дете кое е имуно на вирусот е сличен  со повеќето од 40-те проценти нечовечки видови на примати кои се справуваат со вирусите кои предизвикуваат имунодефицијенција, бидејќи низ стотици илјади години развиле начине за да се справат со инфекциите. Па така и за дечињата, природната селекција е причинител за нивниот имунолошки систем кој не потклекнува на ваквите инфекции.

 

Освен тоа, децата воопшто имаат потолерантен имунолошки систем, кој станува поагресивен во повозрасните години. Ова значи дека како што децата растат, развиваат и поголем ризик од   потклекнување на вируси.
Луѓето кои имаат ХИВ, можат да живеат нормален живот, ако имаат пристап до антиретровирални лекови. Но, нивниот имунолошки систем никогаш нема да се врати комплетно во нормала, бидејќи тие и се соочуваат со поголеми ризици за кардиоваскуларни заболувања, рак и деменција. Научниците веруваат дека последните откритија ќе помогнат во ребалансирање на имунолошкиот систем кај сите ХИВ пациенти, односно ќе се идентификуваат нови пристапи во лекувањето, преку тестирањето на децата. 

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука