„Хуманоста на дело“ е насловот на хуманитарниот концерт што викендов се одржа во скопскиот ресторан „Амбрела“. Пред ресторанот беше поставена кутија за донации, а 20 отсто од вкупниот промет на концертот се наменети за купување дидактички материјали за работа со деца со посебни потреби во градинките во скопската Општина Бутел.
Хуманитарниот концерт е продолжение на серија настани за да се подигне општествената одговорност на институциите и приватниот сектор во земјава за децата со посебни потреби. Настанот го организираа Специјални олимпијци на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје.