X
 04.10.2016 Живот

Совети како подобро да ги читате луѓето



Умешно читање на луѓето


Умешноста да ги читате луѓето може да биде успешен начин на комуникација. Сепак, не мора да бидете врвен детектив за да можете да разберете или да откриете нечие однесување. Секогаш постојат сигнали  кои упатуваат што би можело да мисли одредено лице, а сè што вам ви треба е да ги откриете, порачува Ларае Ки, долгогодишен агент во ФБИ.


1.    Дефинирајте го основниот образец на нечие однесување

Постои цела низа од работи кои луѓето ги прават, а не се свесни за тоа. На пример, гледаат во подот додека разговараат, ги вкрстуваат рацете, киваат, се чешаат по косата или ја префрлуваат тежината на телото од едната на другата нога.

Луѓето се однесуваат различно заради многу причини, а откривањето на основниот модел на однесување кај некого помага да се разберат неговите постапки, односно дали прави нешто од навика или таквото однесување е резултат на неговата незрелост, гнев или измама.


2.    Обрнете внимание на нивната личност

Обрнете внимание на разликата меѓу вообичаеното однесување и некои зборови или гестови.
На пример, сте забележале ли дека некој има навика да го прочистува грлото кога е нервозен? Тоа може да биде знак дека се обидува да сокрие нешто што би било многу очигледно, кога не би постоела навиката за прочистување на грлото.


3.    Обрнете внимание на гестовите

Не мора секогаш токму еден збор или гест да имаат скриено значење, но сепак, кога некои гестови зачестено се повторуваат, следејќи определен модел, тогаш треба да обрнете внимание. На пример, некој може постојано да кашла, да се чешка по главата и да го тресе стапалото истовремено. Во тој случај, внимавајте.


4.    Споредете го однесувањето

Доколку забележите дека некој се однесува поинаку од вообичаеното, обрнете поголемо внимание. Како се однесува кон другите присутни во просторијата?  Го менува ли изразот на лицето ? Какви му се држењето и говорот на телото?


5.    „Гледајте во огледало“

Луѓето имаат навика да го имитираат однесувањето и гестакулацијата на други луѓе. Според тоа, кога со некого разговарате и притоа  му се насмевнувате, и тоа лице, најчесто, ќе ви возврати. Доколку, пак, не ги имитира вашите гестови, постои голема можност или да не му се допаѓате или пак да сте направиле нешто што не го одобрува.


6.    Пронајдете го „силниот глас“ во просторијата

Најсилната личност не секогаш е онаа која, на пример, седи на чело на масата. Самоуверена и силна личност по правило има и силен глас. Во никој случај не го споредувајте ова со гласен говор. Затоа, кога ќе се најдете во друштво на повеќе луѓе, а сакате да откриете кој е водачот, побарајте го лицето со најсилен глас.


7.    Проучете го начинот на кој лицето се движи

Кога некој се движи и наместо пред себе гледа во своите стапала, тоа е речиси сигурен знак на ниска самодоверба. Доколку забележите ваква навика кај некого од вашето друштво, пофалете го, за да ја зајакнете неговата доверба во вас, или поставете му директни прашања, за да  ви го каже тоа што се плашел да го каже.


8.    Обрнете внимание на нивните зборови

Глаголите што  луѓето ги употребуваат честопати го откриваат начинот на кој тие размислуваат. Доколку, на пример, шефот ви каже дека „одлучил да работи со определена компанија“, главниот збор на кој треба да го насочите вниманието е глаголот „одлучи“. Тоа упатува дека најверојатно шефот не е импулсивен, туку го пресметал ризикот и бенефитот од таа одлука и веќе испланирал неколку чекори однапред.


9.    Откријте ја основата на нивната личност

Секој човек е посебен, но постојат основни прашања преку кои може да се открие каква е неговата личност. Ова важи за секого.

-    Дали е интровертна или екстровертна личност?
-    Дали интеракцијата со другите е почеток на некое идно дејство?
-    На кој начин се справува со ризиците и неизвесноста?
-    Со што го храни своето его?
-    Како се однесува во стресни ситуации?
-    Каков е кога е „растоварен“?

Сепак, имајте предвид дека умешноста да се читаат луѓето бара време за да се усоврши. Исто така, постојат и исклучоци од секое правило, но ова се некои од основните  принципи кои можете  да ги  употребите за да ја подобрите  вашата секојдневна комуникација со луѓето.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот