X
 31.05.2022 Живот

Луѓето ги проценуваме по овие два фактора, а не по изгледот

Изгледот, облеката и ставот не се единствените фактори што играат улога во оставањето прв впечаток.

Дали може да му верувам на овој човек и дали може да го почитувам? Ова се двете прашања според кои луѓето ги проценуваат новите познајници, тврдат психолози од „Харвард“.

Професорката Ејми Кади од бизнис-школата на „Харвард“ го истражува поимот за оставање прв впечаток веќе 15 години. Таа открила дека при запознавањето нови лица, свесно или несвесно се наметнуваат двете погоре споменати прашања.

- Двете прашања ни помагаат да ги измериме топлината и карактерот на еден човек. Доколку некој на кој се обидувате да влијаете не ви верува, тогаш нема да стигнете далеку. Можеби дури ќе оставите впечаток на манипулатор. Да се биде топла, доверлива личност на која луѓето ѝ се восхитуваат, откако добиле доверба, станува подарок - објаснува Кади.

Според генералните тврдења на истражувачите, околу 50 до 80 отсто од комуникацијата помеѓу луѓето се одвива на невербален начин, па затоа често им судиме на другите според однесувањето и ставот.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот