Кога се зборува за интелигенцијата, повеќемина мислат на единствената особина која одредува дали некој е паметен или не, но постојат дури девет различни типови на интелигенција, тврди психологот Хауард Гарднер.
Лицата кои се добри со зборови, брзо и лесно учат јазици, добро пишуваат и имаат лингвистичка интелигенција. Луѓето кои учат и размислуваат со формирана слика, се просторно интелигентни. Подобро памтат лица отколку имиња, со цртање изразуваат идеи, забележуваат полесно и сакаат различна уметност. Способноста и чувствителноста пак, да се бави со прашања за човековата егзистенција и значењето на животот е знак на егзистенцијалистичка интелигенција.
Оние кои ја сакаат музиката, го разбираат ритамот и мелодиите и лесно ги памтат, разликуваат инструменти и свират или пеат се музичко интелигентни. Најчесто ја мериме природната и логичко-математичката интелигенција. Најочигледниот знак за природна интелигенција е забележувањето на деталите околу нас. Таквите луѓе добро паметат места, лица, животни и растенија, добро се снаоѓаат во различни ситуации и на различни места, па таквата интелигенција се смета за вродена.
Луѓето со логичко-математичка интелигенција ги воочуваат односите, причините и последиците, односно знаат да решаваат загатки и задачи, а особено добро се служат со логиката во решавањето на проблеми. Некои од следните фотографии се таканаречени трик прашања, кои се наоѓаат на тестирањата за интелигенција, а покажуваат
илузии што лесно го мамат мозокот.