X
 29.12.2016 Образование

Зошто филозофијата помага во математичките вештини и писменоста?

Деца на возраст од 9 и 10 години во Англија кои учествувале на час по филозофија еднаш неделно значително ги подобриле математичките вештини и писменоста, според најновите истражувања.

Повеќе од 3 илјади деца во 48 училишта ширум Англија учествувале во студијата и неделните дискусии за концепти како што се вистина, правда, пријателство и знаење, а потоа споделувале идеи и ставови. Децата кои учествувале на курсот потоа имале подобри резултати на математичките тестови и тестовите за писменост. Кај некои деца, пак, се појавил напредок и во читањето и пишувањето. Наставниците потврдиле дека кај овие деца дури се зголемила и способноста да ги слушаат другите.

Студијата ја спровеле од „Education Endowment Foundation (EEF)“, непрофитна организација чија цел е тестирање на ефективноста на филозофијата.

Англија не е првата земја која експериментира со филозофијата за деца. Оваа програма се применувала и во 1970 година во Њу Џерси. Програмата наречена „SAPERE“ не се фокусира на читање на текстови од Кант или Платон, туку на приказни, поеми или филмски клипови, од кои произлегуваат дискусии за филозофски прашања. Целта е да им се помогне на децата да размислуваат, да формулираат и поставуваат прашања, а и да знаат да бидат дел од конструктивна расправа и да развиваат аргументи.

Според „EEF“, 63%  од британските 15 годишни деца добиваат добри резултати на тестовите, во споредба со 37 проценти од оние кои бележат лоши резултати. Групата која ја спроведува оваа програма се надева дека низ вакви истражувања ќе се утврдат најефикасните методи за подобрување на образовниот процес и развојот на децата.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование