X
 05.10.2016 Култура

Кандидат за супер-татко за 2016-та година

Секоја млада девојка сака дрво како од бајка во нејзината детска соба. Па така кандидатот за супер-таткото за 2016 година и корисникот на “Reddit“ со назив Radamshome одлучил да го оствари сонот на својата ќерка.


бајка


Тој поминал 350 часа во текот на 18 месеци за да го изгради овој магичен проект во вредност од 4.250 долари. Дрвото од бетон и арматура е толку силно, што може да издржи седење на тројца возрасни.


детска соба


Radamshome е "уметник во индустријата за видео игри", а неговиот најголем страв по градењето на оваа неверојатна структура била можноста ќерка му ќога ќе наполни 13 години, можеби ќе сака да го отстрани од нејзината соба."


бајка


“Ќерка ми сакаше дрво од бајките во нејзината соба, каде што таа ќе може да седи во внатрешноста и да чита книги. На некој начин бев неподготвен за физичка реалност на овој проект"- изјавил уметникот.


татко уметник


Тој потрошил вкупно 18 месеци и 350 часа за завршување на проектот. Radamshome, кој е уметник, започнал со концептот цртање и мерење на размерите на моделот.


бајка


Таткото земал приватни часови за заварување за да ја направи конструкцијата на структурата стабилна. По повеќе од 100-120 часа, конструкцијата била завршена.


ѕвезди 

Му беа потребни дополнителни 50 часа за да ја примени жичената ограда на арматурата.Тој искористил специјална смеса на цемент за стеблото на дрвото и papier-mâché за гранките.

Таткото користел сликани минијатури за да ги приспособи за возраст на тинејџер, па тој ги користел истите техники за да го наслика дрвото.


дрво


Тој вметнал божиќни светла, кои може да се затемнат во гранките за да наликуваат на ѕвезди.
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура