X
 08.10.2016 Живот

САД : Казна за родителите ако не ги воспитаат своите деца

Градот Шавано во Висконсин ќе донесе закон со кој ќе ги казнува родителите на децата насилници доколку не ги воспитаат во рок од 90 дена.

 

 

 

 


Законот бил донесен во април 2016-та и им дава рок на родителите од 90 дена да ги превоспитаат своите деца, односно да им ги посочат недостатоците и да им помогнат за да ги сменат своите постапки. Доколку во овој рок не успеат да ги доведат во ред своите деца, тие ќе треба да платат казна од 366 долари – за престапници кои прв пат го прекршуваат законот. Доколку прекршокот се повтори во рок од една година, родителите ќе се соочат со втора казна во износ од 681 долар.

 


Шефот на полицијата во Шавано, Марк Кол, изјавил дека ова не се однесува на детски игри во кои децата се нарекуваат едни со други со погрдни имиња : “Ова не е насочено кон деца на игралишта и нивните закачки, оваа казна е насочена кон употребата на социјалните медиуми или употребата на зборови кои се вулгарни, во обид да повредат, дискредитираат и навистина да навредат одредена личност.“

 


Се уште не е познато дали оваа нова метода ќе вроди со плод и ќе се покаже како ефективна. Полицијата допрва треба да работи на подобрување на законот.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот