Некои ги сакаат новогодишните празници поради храната, а други затоа што имаат повеќе време за гледање празнични филмови. Во САД се нуди привремена работа за оние од втората група.
Веб-страницата „Ривјус“ бара едно лице што ќе гледа 25 божиќни филма во 25 дена. Среќникот ќе добие 2.500 долари, како и едногодишна претплата за најпознатите платформи за гледање филмови и серии, меѓу кои и „Нетфликс“, „Хулу“, „Дизни+“, „Амазон прајм видео“, „Ејч-би-о макс“, „Епл ТВ+“ и „Халмарк мувис нау“.
Успешниот кандидат ќе треба да пополни кратка анкета за оценување по секој филм.
Кога станува збор за изборот на филмовите, кандидатот што ќе биде одбран за работата самиот одлучува кои филмови ќе ги гледа.
Пријавувањето е до 3 декември.
Извор:
Mental Floss
Фото: Freepik