Можеби звучи како идеја извлечена од филм за научна фантастика, но „вселенската нација“ наскоро може да стане реалност.
Се разбира ако планот на интернационалната група на научници, продолжи понатаму. Тимот на научници најавиле дека проектот за „вселенската нација“ наречена Асгардиа ќе започне со реализација по лансирање на сателит наредната година.
Луѓето ќе можат да се потпишат за да станат граѓани на Асгардиа на Асгардиа веб сајтот, но само првите 100 илјади ќе бидат нејзини граѓани.
Проектот создава нова рамка на сопствеништво и населување во вселената, така што ќе се креира сосема нова нација, велат лидерите на проектот.
Еден од раните планови за развој планиран од страна на тимот е да се создаде заштита за целото човештво, односно штит од космички закани, човекови и природни закани. Ова вклучува и заштита од вселенски отпад, соларни ракети и судири со астероиди, велат истражувачите.
Се смета дека постојат повеќе од 20 илјади парчиња вселенски отпад креиран од човекот, кои может да се детектираат. Тука спаѓаат стари вселенски летала, ракети и возила од последна фаза кои се движеле близу до Земјината орбита.
Природните предмети во вселената исто така претставуваат закана за животот на Земјата.
Асгардиа е целосно независна нација и иден член на Обединетите нации со сите атрибути кои овој статус ги повлекува. Целта на Асгардиа е мир во вселената и превенција од пренесувањето на Земјините конфликти во вселената, истакнуваат научниците.
Лансирањето на првиот Асгардиа сателит е планирано за 2017-та година и научниците се надеваат дека од тогаш официјално ќе започне проектот.
Мисијата на Асгардиа е да создаде нови можности за подлабок пристап до вселената.
Соодветен и уникатен вселенски режим е неопходен за да се владее во вселената со цел да се осигураме дека е истата е истражувана во корист на целото човештво, и за овие и за идните генерации кои ќе живеат и на Земјата и во вселената, сметаат научниците. Напредокот на технологијата е една од главните причини зошто сето ова би можело да стане реалност.