X
 13.10.2016 Живот

Дали светот влегува во ера поопасна од Студената војна?

Светот навлегува во ера која е „поопасна“ дури и од Студената војна, заради зголемувањето на руската воена моќ, вели поранешен шеф на MI6.


Џон Соверс вели дека Западот мора да признае дека балансираноста на моќта во светот е изменета заради тоа што Русија и Кина во моментов се многу помоќни отколку во минатото.


 

 

 


„Се движиме во ера која е опасна, дури и поопасна од Студената војна, затоа што немаме фокус на стратегиската врска помеѓу Москва и Вашингтон“, изјавил Соверс за BBC Radio 4's Today programme. Тој исто така го нападна повикот на Борис Џонсон за протести надвор од Руската амбасада во Лондон. Смета дека таквите протести за Сирија можат да го доведат во опасност дипломатскиот кадар во Министерството за надворешни работи во Москва.


Откако Џонсон повикал на протести, Соверс изјавил :

„Сите мора да бидеме претпазливи и да внимаваме на безбедноста на нашата амбасада во Москва, кога помислуваме на протести тука во Лондон. Мора да се потсетиме што се случи со нашата амбасада во Техеран пред три или четири години. Мислам дека тоа нема да се случи и во Москва, но морме да бидеме претпазливи заради последиците од нашите постапки. “

Тој исто така смета дека влошувањето на кризата во Сирија е директен резултат на одлуката на Велика Британија „да не се вклучи“ во граѓанската војна во 2013-та година, додека беа предводени од Дејвид Камерон.

“Го напуштивме театарот и Русите се вселија“, вели тој. „Тоа беше грешка. Хемиското оружје беше користено врз цивили во Дамаск од самиот нивен режим. Би сакал да видам демонстрации пред Руската амбасада. Каде е коалицијата „Стоп за војната“ сега? Каде се тие?

Портпаролот на „Стоп за војната“ Крис Најнхем вели дека неговата организација нема да поддржи протест пред Руската амбасада.

„Имаме многу добра причина за тоа, затоа што можеме да направиме разлика од тоа што го прави Британија, можеме да направиме разлика и од тоа што го прават нашите сојузници до одреден степен, а ние тоа и го правиме. Но, ако протестираме пред Руската амбасада, тоа нема да направиме никаква разлика од тоа што го прави Путин, бидејќи ние сме во Британија и ние сме Западот. И не само тоа – протестот би довел до зголемување на хистеријата и национализмот кој во моментов е разгорен против Русија.“ смета Најнхем. 



Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот