X
 15.10.2016 Живот

Научете на вашето дете да му кажете „НЕ“

Судејќи по резултатите од психолошките истражувања, бројот на родители кои ја применуваат тактиката „се е дозволено“ се зголемува, за разлика од оние кои се заговорници на стогата дисциплина. Попуштањето е последица на однесувањето на родителите кои тежнеат да му удоволат на детето, за да избегнат конфликти со децата и да си ја ублажат сопствената грижа на совест.

Меѓу децата владее епидемијата „недостаток на дисциплина“, според мислењата на експертите. Типични симптоми за оваа состојба се нетрпение, конзумирачки менталитет и постојана желба за поседување на повеќе работи.

Во сегашно време и културата е променета, па бројните ограничувања се исчезнати, дисциплината е се помала, а системот за педагошко казнување речиси и да го нема. Најголемо значење се дава на материјалните добра, забавата и брзото и лесно остварување на целите. На тој начин и родителите се обидуваат да ги задоволат децата, бидејќи стравуваат дека на поинаков начин нивните деца нема да бидат среќни.


Последицата на таквото воспитување е што децата ќе бидат емотивно изолирани и ориентирани најмногу кон сопствените потреби, помалку емпатични и недоволно свесни за светот околу себе. Родителите веруваат дека им помагаат на децата да изградат самодоверба така што ќе упатат пофалба за секоја воочичаена работа што детето ќе ја заврши и им дозволуваат да веруваат дека медиокритетот е прифатлив. Но, таквиот однос само доведува децата да имаат погрешна слика за себе.

 

И во училиштата се чувствуваат последиците од таквото домашно воспитување. Според спроведените анкети, голем број на учители и професори сакаат да ја напуштат работата, а дури 60 проценти од нив го навеле однесувањето на учениците како главна причина.

Сето тоа започнува со неселективно одбрување на сето она што децата ќе го посакаат. Тоа иако дава чувство на моментална среќа и исполнетост, сепак им ја скратува можноста на децата да ја научат најважната лекција од родителите, а тоа е самодисциплината.


Неколку совети за „враќање на вистинскиот пат“ во воспитувањето :

 

1. Поставете јасни граници и стандарди – правила на однесување и последици доколку тоа не се почитува.

 

2. На време укажете му ги на детето последиците со кои ќе се соочи доколку не е дисциплинирано и објаснете му како да се однесува

3. Не попуштајте кога детето има хистерични напади, туку смирено и доследно спроведете „казнените мерки

 

4. Очекувајте многу неубави разговори со децата, нарочито со тинејџерите. Но, ако разговорот се претвори во бурна расправа, кога се изговараат груби и навредливи зборови, тогаш прекинете ја дискусијата додека детето не се смири.

 

5. Барајте од децата одреден степен на одговорност заради тоа што го прават. На пример, ако ја скриши играчката, не му купувајте нова и објаснете му дека мора во иднина да биде повнимателно.

 

6. Доколку детето за време на ручекот ја напушти масата и се шета наоколу иако сте поставиле правило да седи на маса додека не го изеде оброкот, тохаш тргнете ја неговата чинија и соочете го со последиците од таквата одлука. Не попуштајте.

 

7. Сите деца повремено лажат. Додека се мали сфатете дека тоа зошто им недостига повеќе внимание во тој момент. А ако се сомневате дека вашиот тинејџер велаже и тоа упорно, тогаш смирено инсистирајте да ви ја каже вистината.

 

8. Научете го вашето дете самостојно да ги извршува своите обврски и како да ги оствари своите цели, особено на возраст помеѓу седум и десет години.

 

9. Немојте да претерувате со забраните, бидејќи ќе делуваат контрапродуктивно.

 

10. Секогаш говорете афирмативно. Избегнувајте реченици кои почнуваат со „немој“, „престани“ и „не дозволувам“.

 

11. Научете ги децата да бидат добри во она што го прават и немојте премногу да ги критикувате.

 

12. Поттикнувајте позитивно однесување.

 

13. Одложете го задоволството. Наместо честиот шопинг за децата, предложете му „џепарлук“ за да мора да штети за она кое што сака да го купи.

 

14. Анализирајте колку често јадете заедно како семејство. Ако вашето дете има премногу активности, скратете ги и поминувајте повеќе време со него.

 

15. Немојте да поставувате компјутер или телевизор во детската соба. Исто така лимитирајте ги часовите кои детето ги поминува гледајќи ТВ.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот