Вештачката интелигенција стекнува поголема доверба кај родителите отколку вистинските лекари.
Ова го покажува новото истражување на Институтот за животен век на Универзитетот во Канзас, кое покажа дека родителите што бараат информации за здравјето на нивните деца повеќе се насочуваат кон вештачката интелигенција отколку кон лекарите.
Исто така, истражувањето откри дека родителите го оцениле текстот генериран со вештачка интелигенција како веродостоен, морален и доверлив.
Во истражувањето учествувале повеќе од 100 родители на возраст од 18 до 64 години, а од нив било побарано да оценат текст генериран или од лекар или од „Чет-ГПТ“, под надзор на експерти.
Истражувањето заклучило дека „Чет-ГПТ“ е способен да влијае врз намерите на луѓето за земање лекови, спиење и одлучување за исхраната. Исто така, постоела мала разлика помеѓу „Чет-ГПТ“ и експертите во однос на моралот, доверливоста, стручноста и точноста. Но, одговорите на „Чет-ГПТ“ беа оценети повисоко во однос на сигурност и точност, при што учесниците изјавија дека е поголема веројатноста да се потпрат на информациите на ботовите.
- Бевме загрижени за тоа како родителите ќе го користат овој нов едноставен метод за собирање здравствени информации за нивните деца - вели водечкиот автор на истражувањето, Калиса Лесли-Милер, доцент по клиничка детска психологија на Универзитетот во Канзас.
- Родителите често пребаруваат на интернет за совет, па сакавме да разбереме како би изгледало користењето на „Чет-ГПТ“ и за што треба да бидеме загрижени - додава таа и советува дека корисниците на вештачката интелигенција треба да бидат внимателни со информациите обезбедени од чет-бот и да се потпираат само на потврдени информации.
Извор:
Foxnews.com
Фото: Freepik