Бил Гејтс во 1999 година ја напишал книгата „Работа со брзина на мислите“ во која предвидел некои ситуации кои тогаш можеби звучеле и неверојатни или невозможни.
Неговата книга навистина содржи интересни предвидувања, но истите се покажале како „морничаво далекусежни“.
Дознајте за нив во продолжение :
1. Веб сајтови за споредување на цени
Ќе се развие услуга за автоматско споредување на цени, што на луѓето ќе им овозможи да ја видат цената на повеќе веб сајтови. Така без напор ќе ги пронајдат најевтините производи во сите индустрии.
2. Мобилни уреди
Луѓето ќе носат мали уреди кои ќе им овозможат постојано да бидат во контакт и да праќаат електронски пораки каде и да се наоѓаат. Ќе можат да проверат вести, да ги погледнат летовите кои ги резервирале, да добијат информации за финансиските пазари и слично.
3. Онлајн плаќање, подобро здравство преку Интернет
Луѓето ќе ги плаќаат своите сметки и ќе се грижат за своите финансии преку Интернет. Ќе можат и да разговараат со лекарите преку Интернет.
4. Лични асистенти
Ќе се развијат и лични асистенти. Ќе ги спојуваат и синхронизираат сите ваши уреди на паметен начин, без разлика дали се од работа или дома и ќе озвозможуваат размена на податоци. Уредот ќе ги проверува сите мејлови и ќе ве известува кога ќе треба. Кога ќе одите да се снабдите со намирници, ќе може да му кажете кој рецепт ќе го спремате и ќе ви состави список на намирници кои ви се потребни за тој оброк.
5. Онлајн надзор на домот
Постојани видео снимки од вашиот дом ќе станат вообичаена работа и ќе ве известуваат кога некој ќе го посети вашиот дома, додека вие сте отсутни.
6. Социјални мрежи
Приватните веб сајтови за вас и вашите пријатели ќе бидат вообичаени и ќе ви овозможат да разговарате и да планирате настани
7. Автоматски промотивни понуди
Програмата која знае кога сте резервирале патување, ја користи таа информација за да ви предложи активност на одбраната дестинација.
8. Сајтови за спортски дискусии во живо
Додека гледате натпревар на телевизија, уредите ќе ви овозможат во живо да дискутирате за сето тоа што се случува на натпреварот и да гласате кој ќе биде победникот.
9. Паметно огласување
Уредите ќе ги знаат вашите потрошувачки трендови и ќе ви ги прикажуваат огласите кои се скроени според вашите желби.
10. Линкови за време на пренос во живо на ТВ
Телевизиските преноси ќе вклучуваат линкови на релевантни веб сајтови и содржини кои го надополнуваат тоа што го гледате.
11. Онлајн места за дискусии
Жителите на градовите и државите ќе можат да дискутираат преку Интернет за прашањата кои на нив влијаат, како локална политика, планирање или сигурност.
12. Сајтови креирани за заеднички интереси
Онлајн заедниците нема да бидат под влијание на локацијата на која се наоѓате, туку според вашите интереси.
13. Програма за управување со проекти
Проектните менаџери кои сакаат да состават тим, ќе можат да одат на Интернет, да го опишат проектот и да добијат препораки за луѓето кои се достапни и кои ќе одговорат на нивните барања.
14. Онлајн вработување
Луѓето кои ќе бараат работа ќе можат да најдат можности за вработување и понуди на Интернет, откако ќе ги внесат своите интереси, вештини и потреби.
15. Програма на бизнис заедницата
Компаниите ќе можат да нудат и да бараат бизниси, без разлика дали се работи за градежен проект, филмска продукција или рекламна кампања.