X
 29.11.2015 Технологија

Новиот софтвер на Микрософт

Последните неколку години, интензивно се развива софтвер за интуитивно препознавање на цртите на лицето и гласовите, а Microsoft токму сега го претстави својот систем за откривање на емоции.

 

1


Иако за него во јавност не зборува премногу, „Project Oxford“ е доста амбициозен систем со кој Microsoft се обидува да го подобри софтверот за да препознае одредени фундаментални карактеристики како што се говор, пишување и израз на лицето. Целта на девелоперите е да обезбедат корисна основа за развој на различни корисни апликации со употреба на огромни ресурси и процесорска моќ на суперкомпјутерите кои на располагање имааттехнолошки гигант, а некои од своите нови случувања се презентирани на неодамна одржаната конференција „Future Decoded“ во Велика Британија.

Заедно со платформите за видео монтажа, дефинирање на гласовите и проверка на правописот, најголемо внимание предизвика софтверот за препознавање на лица со едно доста интересно својство.

 

2


Станува збор за систем кој ја процесира сликата на која е видливо човечко лице и ги проценува емоциите кои ги прикажуваат луѓето на сликата. Во базата моментално се наоѓаат вкупно осум емоции (неутрална, среќа, изненадување, тага, лутина, гадење, страв и презир) и софтверот самостојно одредува каква емоција чувствува личноста и истакнува која е доминантна. Системот може да одреди емоции на повеќе луѓе на иста слика во исто време, а како сето тоа изгледа во пракса можете да проверите на официјалната страна на „Project Oxford“ која овозможува да испратите сопствена фотографија и тестирање на можноста на оваа програма.

 

1


Иако на прв поглед можеби не се гледа некаква корист од овој софтвер, Microsoft се надева дека девелоперите сепак ќе можат да го искористат. На пример, со него можат да се филтрираат сите фотографии на социјалните мрежи на кои луѓето се тажни, а постојат и комерцијални можности како проценка на емоциите на купувачите откако ќе видат или откако ќе пробаат некој производ како и модифицирање на рекламните кампањи и маркетингот врз основа на тоа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија