Според се' поголем број на корисници на iPhone, ажурирањето на новиот iOS 10 предизвикал проблеми кај нивниот мобилен телефон.
После објавувањето денес, корисниците кои се обиделе да го ажурираат оперативниот систем, пријавиле проблеми - оперативниот систем предизвикал бришење на меморијата, поставување во recovery mode и повторно инсталирање на 9.3.5 и уште еден обид за надградба.
На „Twitter“ стотици корисници го пријавуваат истиот проблем. Затоа, доколку сакате да го ажурирате вашиот телефон денес, добро би било да почекате се' додека „Apple“ не го реши проблемот.
Од „Apple“ се'уште немаат излезено со официјална изјава.