X
 15.01.2016 Наука

Кои се разликите меѓу екстровертите и интровертите?

Интровертните и екстровертните луѓе не секогаш се разбираат меѓусебно. Научниците објавија дека психолошките разлики меѓу нив може да помогнат во објаснувањето на разликата во однесувањето и да дадат подобро светло во заблудите во врска со нив.

 

наука


Мозокот на екстровертната личност реагира поактивно со лачењето на допамин на стимуланси како што се парите, сексот, социјалниот статус и социјалната припадност, вели психологот Скот Бери Кауфман, од Институтот „Imagination“. Тоа би можело да објасни зошто екстровертите покажуваат повеќе возбудување од интровертите.

Интровертите не чувствуваат иста возбуда кога околу нив се случуваат такви работи. Нивниот систем за лачење на допамин не е така активен во овие ситуации. На интровертите им е потребно повеќе време кое го поминуваат сами за да ја обноват енергијата. Тоа не значи дека се недруштвени.

Луѓето ги сметаат за недруштвени само затоа што тие имаат потреба да бидат помалку во друштво од екстровертните личности. Тие се`уште се друштвени, само не ја обновуваат енергијата исто како екстровертите. Изгледа интровертите имаат помалку ентузијазам за дружење, но и двете категории се друштвени, но интровертите реагираат на стимулацијата од опкружувањето.

Психолошки, разликата помеѓу интровертноста и екстровертноста доаѓа од психијатарот Ц.Г Јунг и неговите теории дека интровертите се повеќе ориентирани на внатрешниот живот, додека екстровертите се заинтересирани за надворешниот свет. Најдобар опис е дека на интровертите најдобро им помага изолацијата во обновувањето на енергија, додека екстровертите енергијата ја пронаоѓаат во социјалната интеракција.

Вообичаено е верувањето дека екстровертите се подобри лидери отколку интровертите. Вистина е дека скоро 100% од менаџерите и извршните директори имаат одлики на екстроверти. Но важно е да се знае дека екстровертите, сакаат и настојуваат да бидат во оваа позиција. Тоа не значи дека за тие места тие се најдобри или подобри од интровертите.

Погрешно е да се мисли дека екстровертите сакаат да бидат постојано во друштво и дека немаат моменти на срамежливост. Тие полесно ги реализираат контактите со луѓето но можат да бидат исто толку срамежливи како и спротивната страна. Постојат многу посрамежливи екстровертни личности кои се чувствуваат неудобно во комуникација со непознати луѓе но сеедно сакаат да одат на рок концерт. Но, и постојат интровертни луѓе кои се друштвени. Тие избегнуваат случајни комуникации но лесно ја надминуваат силната светлина и силната бучава.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука