X
 29.10.2016 Технологија

Најлошите компјутерски вируси што светот ги имаше низ годините

Повремено, компјутерскиот вирус оди многу подалеку од едноставна непријатност и влегува во историјата на компјутерската безбедност како една од најголемите грешки на сите времиња. Пет од најлошите вируси се прикажани во видеото од „SciShow“.

Не е за изненадување дека повеќето од овие вируси пристигнуваат преку електронски пораки, а се активираат со кликнување од страна на корисниците преку непознати додатоци и линкови. Со други зборови, тоа е социјален инженеринг, каде хакерите манипулираат со дејствување на одреден начин и при тоа добиваат пристап до бараните информации.

вирус


Да го земеме за пример првиот вирус во листата, Melissa, од 1999 година. Со користење на Word документ, овој вирус можел да вчитува сајтови со порнографска содржина и да ги доставува до повеќе е-маил адреси преку макро, (мал дел од код што се користи за да се поедностават повторливите задачи во Word).

Една година подоцна се чини дека ние сéуште не сме ја научиле лекцијата. „I Love You“ вирусот, исто така, се потпира на љубопитноста на луѓето за тоа што пристигнува преку е-маил, конкретно, прилог прикачен под називот love-letter-for-you.txt. Тоа е всушност мала програма со која се копираат повеќе лични податоци од вашиот локален хард диск, и исто како и Melissa, може да е „рудник“ за е-мејл адреси за нови жртви на напади. „I Love You“ вирусот заврши со инфицирање на околу 45 милиони компјутери, а беше предизвикана штета од околу 10 милијарди долари.

Во 2003 година SQL Slammer вирусот речиси во буквална смисла го скрши интернетот, а овојпат не беше вклучен социјален инженеринг. Наместо тоа, вирусот бил насочен кон податоците од сервери што се чуваат од страна на големите компании, со цел да ги измами со давање на пристап до нивните системи пред да се испраќа и на други компјутери.

Storm Worm, вирусот од 2007 година користел линк на е-маил наместо како прикачен документ, што е потсетник никогаш да не кликате на линкови во вашиот емејл, освен ако сте сигурни дека не се вируси. Еднаш штом линкот е кликнат, тивко инсталира код и го поврзува вашиот компјутер на ботнет, тајна скриена мрежа дистрибуирана до голем број на поврзани компјутери преку интернет.

Mebroot од 2007 година, исто така го шири вирусот преку ботнет. Но во овој случај, вирусот се користи преку симнувања за да го зарази уредот, преземања кои автоматски се активираат штом злонамерната веб страна е отворена.  Во суштина, овој вирус може да шпионира речиси се што правите на вашиот интернет пребарувач, а експертите за безбедност велат дека потребно е само една година за да украде информации од 500.000 банкарски сметки.

Не постои начин некогаш да бидеме 100 проценти заштитени од вируси или сајберски напади, но постојат начини како да се намали опасноста. Бидете претпазливи со линкови и додатоци испратени преку електронска пошта или инстант порака и проверувајте го целиот ваш софтвер, оперативен систем, интернет пребарувач со анти-вирусна програма што ќе ги ажурира податоците цело време.

 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија