Кина ги предупреди корисниците на оперативниот систем „Виндоус“ да се заштитат од новиот вирус кој ги блокира податоците на компјутерот и не дозволува нивно користење додека не се плати откуп (ransomware), a кој е сличен со нападот на вирусот наречен
WannaCrypt, што минатата недела предизвика хаос во светот.
UIWIX ги енкриптира и ги менува имињата на фајловите преку вирус во оперативниот систем „Виндоус“, предупреди во средата Националниот центар во Кина за итен одговор на појава на вируси – CVERC, порачувајќи им на корисниците да ја инсталираат последната безбедносна надградба за "Виндоус“.
Иако сè уште не е детектирана ниту една „зараза“ со вирусот
UIWIX во Кина, вирусот веќе се шири низ други држави.
„
UIWIX вирусот продолжува таму каде што стигна првиот бран на
WannaCrypt со ист капацитет за саморепликација која му овозможува брзо ширење“, се наведува во сопштението на компанијата.
Компанијата предупреди дека можеби новиот вирус е многу посилен од
WannaCrypt затоа што е многу покомплексен за уништување.