X
 29.10.2016 Живот

Прогноза на времето во Македонија за наредните денови



Во Македонија во сабота студено утро со утрински температури кои ќе се движат од -3 до 6 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, потопло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните температури ќе достигнат до 8 односно до 18 степени. УВ индексот ќе има вредност 3.

СКОПЈЕ – Во Скопје во сабота по студеното утро, во текот на денот претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 16 степени. УВ индекс 3.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Стабилно но студено време не очекува и во наредните денови кога температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во недела потопло утро со температури од -1 до 8 степени, во текот на денот претежно сончево и дневни температури од 7 до 17 степени. Во понеделник и вторник претежно сончево со појава на локална облачност и максимални температури од 5 до 15 односно од 5 до 14 степени. Во среда студено утро со појава на умерен мраз и утрински температури од -6 до 2 степени, во текот на денот претежно сончево и температури од 6 до 16 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во недела претежно сончево време со дневна температура до 15 степени. Во понеделник и вторник претежно сончево со локална облачност и максимална температура до 13 односно до 12 степени. Во среда студено утро со температура од -1 степен, во текот на денот претежно сончево и малку потопло време со температура до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот