Иако годинава нема да имаме можност да се собереме на некој плоштад за масовно да ја дочекаме Новата 2021 година, сепак, сите нѐ интересира дали последниот ден од годината ќе нѐ израдува со снег.
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на снег ќе можете да се израдувате само ако се најдете на запад, особено на планините.
- На новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег понекаде на повисоките места. На планините на запад ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој на истокот повремено ќе се засилува. Во ноќните часови во најголем дел од земјава ќе биде суво, на запад пооблачно со услови за слаби врнежи од дожд и снег - стои во прогнозата на УХМР за последниот ден од 2020 година.
Минималната температура на 31 декември ќе се движи од 3 до 8 Целзиусови степени, додека максималната од 5 до 14 степени.
На први јануари, пак, наутро ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветар.
Насловна фотографија: Freepik