Асоцијациите во врска со месечните циклуси вообичаено се поврзани со промените во телото на жената и непријатностите како што се
болки во стомакот, главоболките, болки во грбот, отеченост и променливо расположение. Сепак овој природен процес што се случува еднаш во месецот укажува на тоа дека вашето тело го прави она што му е должност и доколку ги следите симптомите што се случуваат е знак дека се грижите за себе. Менструалниот циклус во секој случај е добредојден процес за што треба отворено да се зборува и да се споделуваат искуствата за она што се случува со вашите тела за време, пред и по циклусот. Доколку барате невообичаени факти во врска со
оние денови од месецот тогаш сте на вистинското место, бидејќи тука ќе најдете информации за месецниот циклус што ќе ве забавуваат, заинтересираат и ќе ве насмеат :-)
Првите искуства со менструацијата поминуваат полесно
Вообичаено е првите неколку циклуси да поминат со полесни симптоми, но ова не е никаков индикатор за тоа какви ќе бидат вашите циклуси во иднина. Тие се еден вид на најава за промените што ги доживува вашето тело и што ќе ви се случува во иднина, еден вид на најава за бурата.
Циклусот во средниот век бил многу пооскуден
Жените во средниот век биле соочени со многу пооскудни менструални циклуси во однос на современата жена. Причината за ова е комбинацијата на сиромашна исхрана, низок степен на хигиена, поголемиот број на бремености и продолжување на периодот на доење (што ја сопира менструацијата). Пократкиот животен век во средниот век бил исто така причинител менопаузата да започне многу порано.
Продавниците за менструални циклуси се тренд
Во Њујорк од неодамна се отвори продавница што е наменета за сите работи поврзани со месечните циклуси и ги содржи сите ситници и додатоци кога е во прашање оваа проблематика. Совршено женско катче каде ќе почувствувате дека некој навистина ги разбира
месечните женски проблеми, па така и за оние најпребирливите има посебен дел кој крие цело богатство на слатки задоволства што се неопходни за време на менструацијата, барем за повеќето дами.
Жените во западните култури ќе доживеат околу 450 циклуси во текот на својот живот
Ова е во спротивност со предисториските жени кои доживувале само 50 циклуси во текот на животот. Исто така е во контраст со жените кои живеат во руралните предели чии месечни циклуси изнесуваат околу 150. Општиот заклучок е дека капитализмот и западната цивилизација водат кон зачестени менструални циклуси.
Важно е да ја следите редовноста на месечниот циклус
Секоја девојка и жена потребно е да води дневник за редовноста и
симптоматологијата на месечните циклуси. Често пати погрешно се смета дека таквата дисциплина во следењето на менструацијата е само доколку планираме да забремениме. Но, педантното однесување кон промените што се случуваат со женското тело еднаш во месецот може да ви даде одговори на многу прашања. Денес барем е едноставно да се следи циклусот благодарение на големиот број на мобилни апликации што се едноставни за користење, па на тој начин ќе имате цела историја на ваквите женски месечни случувања. Така ќе бидете сигурни дека на следната редовна контрола кај вашиот гинеколог прецизно ќе можете да одговорите на сите негови прашања.
Кога познатите ѕвезди говорат отворено за месечните циклуси:
Џенифер Лоренс
Холивудската актерка Џенифер Лоренс отворено проговоре за „планот Б фустан“ кој го носеше на овогодинешното доделување на Златен Глобус. "Доделувањето на наградите е во синхронизација со мојот месечен циклус и истото тоа се повторува секоја година" изјави таа за „Харпер Базар“. Се одлучив за преубав Диор фустан кој од напред беше широк, па не морав да се грижам дали стомакот ми е отечен и дали тоа сите ќе го забележат. Првиот фустан беше навистина тесен и ќе требаше да се мачам за време на целата церемонија и да го вовлекувам стомакот. Едноставно нема потреба од тоа".
Мајли Сајрус
Првиот месечен циклус на Мајли Сајрус бело непријатно искуство и еден вид на кошмар за секое девојче на таа возраст. Не само што првиот пат и се случило на сетот на снимањето на Хана Монтана, туку згора на сé таа носела бели панталони. "Беше навистина непријатно и засрамувачки, но не можев да го напуштам сетот" - изјави таа за Мари Клер. "Се сеќавам дека плачев пред мајка ми поради ова непријатно искуство“.
Кети Пери
Кога оваа поп ѕвезда била бомбардирана со шпекулации за нејзината евентуална бременост таа се обрати кон своите милионски Твитер следбеници објавувајќи дека се работи за месечен циклус: „Ќе ме расплачете со вашите коментари, но можеби и тоа е резултат на мојот циклус. Да токму така, имам добиено! Повеќе среќа следниот месец!“