Доколку често ви се случуваат необјасниви главоболки можеби не е лошо да помислите на навиките што ги имате кога е во
прашање исхраната. Голем број на продукти во кои можеби гастрономски уживате може и да не се најпрепорачливи за вашите
повремени главоболки. Храната сама по себе не секогаш е опасен тригер, но во комбинација со стресот, заморот,
хормоналните промени и слично, може да делува како главен причинител на несопирливите главоболки што ќе ви го расипаат
денот. Веројатно некои од следниве продукти ви се омилени, но обидете се да ги поврзете со вашите чести главоболки и
научете како паметно да ги конзумирате.
Кофеин:
Кофеинот во мали количини може да ви
помогне при главоболките но доколку
претерате тој може да биде главниот тригер за
истите. Истражувањата покажуваат дека
200мл на кофеин (две до три шољи на кафе се
доволни за да ја намалите главоболката.
Сладолед
Болката што може да ја предизвика
сладоледот или пак ладните пијалоци е
реакција од ниската температура, особено
доколку вашето тело е презагреано.
Најсилната болка трае 30 до 60 секунди, но таа
брзо поминува. Наш совет е да го јадете
сладоледот побавно.
Стари сирења
Старите сирења предизвикуваат болки во
главата. Виновникот за ова е тираминот кој во
сирењето се формира како протеин. Колку е
постаро сирењето толку повеќе содржи
тирамин. Тука спаѓаат синото сирење,
швајцарскиот чедар, гаудата и пармезанот.
Процесирано месо:
Нитратите и нитритите се конзерванси што се
користат при изработка на виршли, сланина,
салами и било кој друг тип на процесирано месо.
Тие ги стеснуваат крвните садови и можат да
предизвикаат
главоболки кај некои луѓе.
Црвено вино:
Сулфитите што се користат како конзерванси во
црвеното вино се поврзуваат со мигренозните
болки. Но, воопшто пиењето алкохол
предизвикува зголемена циркулација на крв во
мозокот која може да резултира со главоболки.
Соја сос:
Присуството на конзервансот
моносодиум глутамат (МСГ) во соја сосот и
многу други продукти е докажано дека
предизвикува дијареа, грчеви во стомакот и
силни главоболки кај 10 до 15% од луѓето што
го конзумираат.