X
 31.10.2016 Култура

Ова е најоддалечениот и најизолираниот остров во светот

Можете ли да замислите да живеете на остров кој е оддалечен повеќе од 1.000 милји од најблиското населено место? Вака изгледа животот за 270 жители на најоддалечената цивилизација на Земјата, Тристан де Куња. Малиот остров кој е на површина од 80 квадратни милји е распространет на локација, 1.750 милји (или 2.816 километри) од Јужна Африка и 2.088 милји (или 3.360 километри) од Јужна Америка.


Тристан де Куња


Најблискиот остров до Тристан де Куња, Света Елена е оддалечен 1.510 милји (или 2.430 километри). Тоа е дел од британската прекуморска територија: Света Елена, Ascension и Тристан де Куња. Но, како овие луѓе преживуваат исклучени од остатокот од светот?

Во 2015 година, Кралскиот институт на британските архитекти започнал со натпревар за дизајн во име на владата на Тристан де Куња. Предизвикот се состоел во тоа да му се помогне на островот да добие само-одржливост, што може да биде остварливо.

Тимот од архитекти предводен од страна на Брок Кармајкл победил на натпреварот, а тие планираат да го зацврстат нивниот план за дизајн во 2017 година. Модернизирани објекти, фарма со ветерници и печки за согорување на отпадот за производство на енергија, се дел од идеите за овој осамен мал остров да стане одржлив и независен.


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура