Замислете да имате свој остров и да одлучувате кој може да стапне на него? Една претприемачка го направи тоа - ја продаде својата компанија и купи парче „рај на земјата“ резервирано само за жени.
Споменатиот остров се наоѓа на брегот на Финска, во Балтичкото Море, а е во сопственост на Кристина Рот. Нејзината цел била да собере жени за да се бидат посилни заедно. Островот го носи името „Супер ши“ (SuperShe), а е отворен за жените од целиот свет веќе 5 години. Тоа е место каде што жените можат да се поврзат.
На почетокот Рот сакала да има место каде што ќе се опушти, но подоцна дошла до малку поинаква идеја. Сите вработени на островот се жени, а опремен е со 4 бунгалови, фински сауни и опрема за вежбање.
Сите активности се насочени кон женското здравје. Островот зафаќа 8,47 хектари, има борова шума и златни песочни плажи кои го одземаат здивот.
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay