X
 02.11.2016 Култура

Нови детали за мистериозната смрт на Амелија Ерхарт

Легендарната Амелија Ерхарт е првата жена пилот чиј авион исчезнал во Тихиот Океан во 1937 година. Ерхарт прв пат летала сама во 1932 година, а три години подоцна добила награда од 10.000 долари за лет од Хаваи до Калифорнија.

прва жена пилот


Минатиот месец промовирана е теорија дека на својот последен лет во 1937 година, слетала со авионот безбедно на далечен остров и таму умрела. Истражувачите велат дека постои сличност меѓу неа и еден скелет пронајден на Карибите во 1940 година.

Коските биле откриени на островот Никумароро, 640 км јужно од островот Хауленд. Во 1940 кога биле испитувани се открило дека се работи за женски остатоци. Од Интернационалната група за историски воздухопловни разоткривања во 1998 година тврделе дека новите техники потврдуваат дека тие соодветствувале на нејзината висина и етничкото потекло.

Неодамна, антропологот Ричард Јанѕ изнел дека според неговите анализи лактите на скелетот се поголеми од просечните, но, дека без димензиите за телото на Иархарт не може да се прави споредба.

Интернационалната група за историски воздухопловни разоткривања побарала помош од специјалист за судска медицина. Користејќи фотографија на која рацете се целосно видливи, пресметан е соодносот на коските во горниот и долниот дел на раката.


жена пилот


Иако облеката на сликата ги отежнувала анализите, се дошло до заклучок дека разликата меѓу горната и долната рака била речиси идентична со пронајдениот скелет. Ова откритие не е доволно цврст доказ за да се потврди теоријата дека Иархарт слетала безбедно на островот, но е еден чекор во таа насока.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура