Малезискиот авион кој мистериозно исчезна неодамна конечно беше пронајден, поточно неговите остатоци. Експертите сè уште не ја потврдиле веста, но се смета дека пронајдените остатоци припаѓаат на исчезнатиот авион. Ова, секако, не е првпат како исчезнува авион. Најпознатите слични случаи од последните 100 години се следниве.
Aer Lingus 712
Летот 713 на „Aer Lingus“ тргнал на 24 март во 1968 година во Ирска кон Лондон, но паднал во морето. Во падот загинале 61 личност. Кога било пронајдено местото на падот, истражувачите не можеле да објаснат зошто се срушил авионот. Следните години се појавиле гласини дека авионот бил погоден од експериментален британски проектил.
B47 Stratojet
Во март 1956 година, бомбардерот кој носел тројца припадници на американското воено воздухопловство исчезнал над Средоземното море. Со себе носел нуклеарно оружје, кое сè уште не било пронајдено.
Helios Airways 522
Летот 522 на „Helios Airways“ на 14 август во 2005 година изгубил контакт со контролата на атинскиот аеродром. Авионот бил насочен во една насока подолго од еден час, а кога биле испратени воени авиони да го пресретнат летот било забележано дека пилотот исчезнал од контролната табла и само половина час подоцна авионот удрил во карпа. Притоа загинале 121 личност.
Lockheed Electra
Една од најпознатите авијатичарски мистерии се случила во 1937 година, кога авионот на Амелија Ерхарт исчезнал над Тихиот океан во обид на авијатичарката да го заобиколи светот. Никогаш не биле пронајдени остатоците.
Let 19
Ова е името кое го добила вежбата на американското воено воздухопловство на 5 декември во 1945 година. Бомбардерот кој носел 14 војници исчезнал над Бермудскиот триаголник. Во потрага по него тргнал друг авион со 13 членови на екипажот, но и тој исчезнал. Ниту еден од авионите не бил пронајден.
Egypt Air 990
Летот 990 требало да лета од Лос Анџелес до Каиро, но на 31 октомври во 1999 година, авионот мистериозно се срушил во Атлантскиот океан. Притоа загинале 217 патници и 14 членови на екипажот. Никогаш не била потврдена причината за падот.
Pan Am 7
Летот 7 некогаш се сметал за најексклузивен и најлуксузен начин за пат околу светот. Но, во 1957 години авионот исчезнал. Спасувачките екипи го пронашле авионот речиси неоштетен на стотина километри од местото на падот. Аутопсијата на патниците покажала дека сите биле отруени со јаглерод моноксид, но изворот на гасот не бил пронајден.
Air France 447
Утрото на 1 јуни во 2009 година, летот 447 на „Air France“ патувал од Рио де Жанеиро до Париз, кога исчезнал со 216 патници и 12 членови на екипажот. Црните кутии биле пронајдени на дното на океанот после две години, а анализата покажала дека падот бил предизвикан од човечка грешка и механички проблем.