X
 09.05.2017 Наука

Природниот музеј во Њујрок решава мистерии

slika
Фото: Pixabay

Природниот музеј во Њујорк ги повикува посетителите во музејот да однесат сè што пронашле, а не знаат што е.

Во музејот, 7 април е денот кога оваа институција им помага на луѓето да ја откријат мистеријата позади предметите кои ги поседуваат како што се школки, камења, инсекти, пердуви, коски.

Откривањето на потеклото на овие предмет и утврдувањето за што точно станува збор се одржува во салата „Теодор Рузвлет“, поранешен американски претседател кој особено ги сакал природните науки. Меѓу предметите кои претходните години научниците ги детектирале се коска од вилица на кит, фосил од пршлен на жирафа и 5.000 години старо камено копје од Мароко.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука