X
 02.11.2016 Образование

ООУ „Лазо Трповски“ наградено во Јапонија

ООУ „Лазо Трповски“ е наградено на МеЃународниот литературен натпревар за млади во Јапонија Што годинава традиционално се одржува во јапонскиот главен град Токио.



Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија и се организира во рамките на одбележувањето на „71 години од основањето на УНЕСКО“ (проект во кој активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО и земји-набљудувачи) Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.

Наградата е освоена во силна конкуренција на 12 937 учесници од 153 земји
Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Да создаваме подобра иднина преку образованието“  ученичките  Александра Исајловска и Матеа Шутарова го претставуваа училиштето на овој реномиран меѓународен натпревар, а беа координирани од тројца наставници-ментори Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик, Соња Јовановска, предметен наставник по македонски јазик и Лилјана Симоновска, предметен наставник по англиски јазик.. Личната творба напишана во форма на есеј не смееше да содржи повеќе од 700 збора и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето (германски или англиски јазик).

информации во врска со наградените на натпреварот може да најдете на следниот линк  http://www.goipeace.or.jp/english/activities/programs/2016/index.html
Повеќе информации во врска со натпреварот може да најдете на веб-страната на организаторите http://www.goipeace.or.jp односно на веб-страницата на УНЕСКО www.unesco.org/youth

Наградите Ќе бидат врачени на пригодна свеченост на 29 ноември годинава во Токио.
Наградата на ООУ Лазо ТРповски ќе му  ја врачИ попочесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, н.е. Казу Лешниковска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование