X
 19.08.2019 Живот

1.000 долари за оној што 25 часа непрекинато ќе ја гледа серијата „Пријатели“

Во пресрет на одбележувањето на 25-годишнината од емитувањето на серијата „Пријатели“, компанијата „Фронтиер комјуникејшнс“ сака да награди еден обожавател на „Пријатели“ со 1.000 долари. Условот за добивање на наградата - да седи и да ја гледа серијата непрекинато цели 25 часа.

Според пресметките, тоа е околу една третина од целата серија. За да докаже дека навистина ја гледа серијата, компанијата сака победникот да го објави тоа во живо на „Твитер“ и да постира селфи со своите пријатели.

Освен 1.000 долари, победникот ќе добие и 12-месечна претплата на „Нетфликс“.

Дополнителни информации можат да се прочитаат ТУКА. За жал, натпреварот ги вклучува само американските државјани.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот