X
 01.03.2019 Образование

Студентите од ТМФ - добитници на две престижни признанија

Студенти од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје учествуваа на овогодишната едукативна работилница „Hi–Tech Entrеpreneurship“ што се одржа од 19 до 21.02.2019 година во Патрас, Грција, во рамките на Проектот „i3“, преку Центарот за управувaње со знаењето - Knowledge center.

Проектот „i3–Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“ е финансиран од Програмата за транснационална соработка „Balkan – Mediterranean 2014 – 2020“. Партнерите на проектот потекнуваат од петте земји-учеснички во Програмата, Македонија, Бугарија, Грција, Албанија и Кипар. Центарот за менаџмент на знаење од Македонија, како партнер на оваа програма, им го овозможи учеството на студентите од Технолошко-металуршкиот факултет.

1
Учесниците на настанот

Едукативната работилница „Hi–Tech Entrеpreneurship“ беше наменета за студенти и млади претприемачи и ги вклучува следниве карактеристики: флексибилна модуларна обука, основни модули за бизнис, комуникација, финансии и специфични модули за иновации за претприемништво во високи технологии, вклучувајќи ги електричните возила, роботиката, биотехнологијата, нанотехнологијата итн.

2

3
Дел од работната атмосфера
   
Пристапот на иновативната обука беше базиран на играње улоги, пракса на сите нивоа и функции, набљудување на успешни бизнисмени, градење заедничка претприемничка култура, размислување и мотивација, преку работа во мешани тимови.

4

3
 
„Hi–Tech Enterpreneurship“ обезбеди активно учество и воспоставување на односите меѓу бизнисот, образованието и финансирањето, со цел да се балансираат понудата и побарувачката за соодветна претприемничка иницијатива.

На оваа работилница зедоа учество 50 учесници од Бугарија, Грција, Албанија, Кипар и Македонија, а од Македонија имаше 10 учесници.

6
Групна фотографија на сите учесници и организатори

Нашите студенти заедно со нивните тимови, покрај своето активното учество, се здобија со две престижни признанија - најдобра иновативна идеја и најдобар бизнис-модел.

- Во составувањето на нашата иновативна идеја – Е3 велосипед, што всушност значи економичен, еколошки и ефикасен велосипед, тргнавме од идејата да се направи линк помеѓу екологијата, технологијата и економијата. Со мојот тим осмисливме иновативна форма на велосипед, кој додека се вози произведува енергија за едната екстензија, која ќе може да го вшмукува отпадот по улиците и истовремено самостоен систем кој ќе го прочистува воздух - вели дипл. инж. Викторија Бежовска, учесничка на оваа едукативна „Hi–Tech Enterpreneurship“ работилница и воедно магистранд на Технолошко-металуршкиот факултет.

7
Претставници од Македонија

Со овие успеси се потврдува фактот дека меѓу младите инженери-технолози постои потенцијал кој допрва треба да се развива и да излезе на површина, креирајќи нови идејни решенија во полето на технологијата. Нашите студенти со досегашното стекнато знаење од страна на нивните професори, преку овој успех, докажуваат дека навистина можат да застанат рамо до рамо со своите колеги од регионот, како во знаењето така и во стекнатите вештини.
    

Тимот предводен од Викторија Бежовска
I место за најдобра иновативна идеја

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование