Уште една интересна загатка ги збуни корисниците на Интернет.
Сложувалката е креирана од
Brilliant.org и е користена од страна на 300 илјади луѓе.
Понудени се три кутии, а во една од нив има автомобил. На секоја кутија има напишано некакво тврдење.
Кутија број 1 : Автомобилот е во оваа кутија.
Кутија број 2 : Автомобилот не е во оваа кутија.
Кутија број 3 : Автомобилот не е во кутијата број 1.
Само едно од овие тврдења е точно. Сигурно си мислите дека автомобилот не може да го збере во кутија? Одговорот е : Автомобилот е во кутијата број 2. Целта е да се открие која опција резултира со само едно точно тврдење. Што значи :
- ако автомобилот е во кутијата број 1, тоа би значело дека и двете тврдења на кутијата број 1 и 3 се точни.
- Слично, ако автомобилот е во кутијата број 3, тоа би значело дека и двете тврдења на кутијата 2 и 3 се точни.
- Но, ако автомобилот е во кутијата број 2, тогаш единственото тврдење кое е вистинито е она кое е напишано на кутијата број 3, а тоа е „Автомобилот НЕ е во кутијата број 1“
Одговорот на загатката е објаснет подетално на овој
ЛИНК.