Научниците во Италија можно е да откриле мало решение за голем проблем: откриле гасеница која јаде пластични кеси.
фото извор: Leopard Gecko/YouTube
Авторот на студијата, Федерика Берточини, ова го открила случајно.Бидејќи е пчелар аматер, ги сметала гасениците за штетници. Ставила неколку од нив во пластична кеса за да ги отстрани, а кога се вратила кесата била изгризена, а црвите побегнале.
Не само што можат да ја џвакаат пластиката, туку можат и да ја претворат во етилен гликол.
Потребни се стотици години за просечна пластична кеса да биде уништена. Но, ако се претвори во етилен гликол тогаш, тоа е разградливо во почва и вода за само неколку недели.
Не е совршено решение, бидејќи етилен гликол во големи количини е токсично. Но, колонија од вакви
црви може да уништат пластични кеси кои инаку би опстојувале навистина долго време.