Фото: Unsplash
Научниците нудат еден милион долари за тој што ќе го реши шаховскиот проблем наречен „Загатката на кралицата“.
Убавината на предизвикот е тоа што не треба да ги знаете и разбирате правилата на шахот за да земете учество, но тоа не значи дека задачата е лесна. Всушност, научниците велат дека решението е толку математички комплексно, што за неговото решение би биле потребни илјадници години.
„Загатката на кралицата“ (загатката со осум кралици) првично била објавена во 1848 година - поставувате осум кралици на 8 х 8 шаховска табла, така што ниту една кралица не ѝ се заканува на друга.
Ако ги знаете правилата на шахот, тогаш ќе знаете дека кралицата е најмоќниот пион, бидејќи може да се движи во осум насоки - нагоре, надолу, од страните, плус дијагонално. И не само тоа; кралицата може да се движи во неограничено растојание во која било од овие насоки.
Оваа неспоредлива слобода на движење е причината зошто загатката е предизвик за шахистите и математичарите и со тоа не е толку тешко да се реши. Всушност, постојат 92 различни начини за решавање на загатката - околу 4,5 милијарди потенцијални аранжмани од осумте кралици на таблата - и затоа математичарите веќе долго време се обидуваат да ги направат работите поинтересни.
Што ако, на пример, на 8 х 8 шаховската табла со стандардна големина од 64 квадрати ѝ се прошират димензиите на проблемот за да се вклучи кој било број на кралици?
Во тој случај, ќе требаат 20 кралици на 20 х 20 табла или 100 кралици на 100 х 100 табла и така натаму - и ниту една од нив не може да биде позиционирана во ист ред, колона или дијагонала како останатите кралици.
Oткако оваа варијанта на загатка, наречена „Загатка со n-кралици“ - каде што „n“ е бројот на редови, колони и кралици - пристапува кон многу големи броеви, тешко е да се пресмета. Тешко е и за моќни компјутери.
Нивото на предизвик станува уште повисоко ако додадете уште еден пресврт: неподвижни кралици кои веќе заземаат позиции на таблата.
„Новото истражување се однесува на проблемот на комплетирање на n-кралиците, каде што не само што таблата е голема туку има и кралици на таблата. Ако некои кралици се веќе поставени на n-табла, дали можете да го пронајдете решението на загатката со n-кралици без да ги поместувате веќе поставените кралици?“, вели компјутерскиот научник Иан Гент од Универзитетот „Сент Ендрјус“ во Велика Британија.
Затоа Гент заедно со уште неколку соработници мисли дека компјутерска програма способна да ја реши брзо оваа необична загатка би била доволно моќна за да ги реши сите други видови математички проблеми.
„Ако можете да напишете компјутерска програма што би можела да го реши проблемот брзо, ќе можете да ја адаптирате да реши некои од најважните проблеми што секојдневно влијаат врз нас“, вели тој.
Затоа Математичкиот институт „Клеј“ нуди награда од 1
милион долари за тој што ќе го реши предизвикот. Според Гент, наградата може да се освои со докажување дека ниту еден алгоритам не би можел да ја реши загатката во разумно време или со развивање алгоритам што брзо ќе ја реши.