X
 07.11.2016 Живот

Би патувале ли во Авганистан?

Во зависност од вашата перпектива и начин на гледање на работите, патувањето во Авганистан може да биде навистина авантуристичко или непромислено. Австралијанската влада советува да не се патува во оваа земја каде што владее воена состојба, заради ризик од киднапирања и терористички напади.

И покрај ова, некои луѓе одлучуваат да ја истражуваат токму оваа земја. Себастијан Ријнтјес и неговата девојка Алекс се едни од најхрабрите кои го посетиле Авганистан.


Ова е нивното искуство :

„Заминавме без водич, без никаква безбедносна стратегија, чисто од љубопитност. Сакавме да дознаеме повеќе за историјата, животот во земјата и сакавме да ги запознаеме луѓето кои живеат таму.

Земјата има богата историја од илјадници години, која е малку позната за пошироката јавност. Антички градови, остатоци од Персија, пештери, долините на муџахедините, се само дел од местата кои сакавме да ги посетиме. Кога ќе се спомне Авганистан, сите помислуваат на војна и насилство. Но, луѓето всушност си го сакаат секојдневието и се обидуваат да заработаат за пристоен живот. Едноставно во земјата живеат семејства, а не само маса на агресивни луѓе кои се бават со тероризам. Сакавме да ги запознаеме луѓето и да ги слушнеме нивните приказни, а со тоа да го чуеме и нивното гледиште на светот.


Се разбира, се упативме и на места на кои никој не би се осмелил да стапне. И тоа го направивме од истата причина – љубопитност. Сфативме дека луѓето навистина се гостопримливи и постојано се отворени за да ви раскажат повеќе за историјата и животот во ова место.


Се надевавме дека ако патуваме во Авганистан на ваков начин, без придружба и обезбедување, ќе му покажеме на светот дека е можно да ја посетите оваа земја и навистина да уживате. Многумина сметаат дека сме луди, а други дека сакаме да привлечеме внимание. И во право се.“
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот