X
 23.03.2023 Живот

Снимка од 1953 година на која Тито зборува на англиски јазик

За Јосип Броз Тито се знае многу. Приказните за претседателот на Југославија до ден-денес се интересни, па ви пренесуваме кратко видео од историјата, односно снимка од 1953 година.

Познатиот филмски магазин „Бритиш пате“ пред неколку години објави дел од својата архива на „Јутјуб“. На снимките што ги бележат сите најзначајни настани во историјата на 20 век ги има и оние поврзани со Балканот. Меѓу нив е и видеото од Тито при посета на Велика Британија во 1953 година.

Тито допатувал во оваа земја со својот брод „Галеб“, а бил пречекан од тогашниот премиер Винстон Черчил, министерот за надворешни работи Ентони Еден, како и сопругот на британската кралица Елизабета, принцот Филип.

Тоа било првпат Маршалот да ја напушти Југославија по конфликтот со Советите, па безбедносните мерки во Лондон биле на доста високо ниво. Тито низ градот се возел со блиндиран автомобил, а тајна била и локацијата на куќата во која престојувал.

Сепак, се случил еден помал инцидент. Димна бомба експлодирала недалеку од местото каде што „Галеб“ се закотвил на пристаништето. Улицата била покриена со чад, но Тито едноставно влегол во блиндираниот автомобил и заминал.

Тамошните медиуми пишувале дека најверојатно станува збор за припадници на југословенската емиграција во Британија, која на овој начин сакала да го изрази својот протест.

Но, снимката е интересна затоа што на неа се слуша како Тито зборува на англиски јазик.

- Сакам да му кажам на народот на Велика Британија дека жителите на мојата земја треба да ги сметаат за искрени сојузници, бидејќи народите на новата Југославија имаат исти цели како и народот на Велика Британија - вели југословенскиот претседател во кратката изјава дадена на брегот на Темза.



Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот