X
 09.01.2022 Живот

Зошто туристите го обожаваат Амстердам?

Амстердам е музеј на отворено, ризница на познатото историско наследство од 17 век, необични градби, тесни фасади во различни бои, 1.500 моста, безброј канали, чамци кои постојано пловат...

Ова исклучително организирано кралство, со кое долго време владеат жени, не без причина е собиралиште на туристи од целиот свет, но и на доселеници од сите нации кои ѝ даваат посебен печат на земјата.

1

Амстердам е еден од ретките градови во Европа каде што најмалку ќе се чувствувате како странец бидејќи тука живеат повеќе од 180 нации. Во градот има над педесет музеи, од кои најпопуларни се Стеделијк, Музејот на современа уметност, Постојаната изложба на Ван Гог, музејот на восочни фигури Тисо и оригиналната пиварница „Хајнекен“. Во Амстердам несомнено ќе најдете музеј што ќе го задоволи вашиот вкус.

2

Ноќниот живот во Амстердам е вистински предизвик. Има повеќе од педесет кина, театри, каде што се изведуваат претстави на англиски јазик, а концерти на класична музика се изведуваат во прекрасни, осветлени паркови.

3

Идеално место за прошетка е покрај реката Амстел. За вечерна забава, посетете ги баровите во делот на градот наречен Јордан. Локации кои исто така треба да се посетат во Амстердам се Ријксмузеумот и стадионот „Ајакс“.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот