Фотографот Алберт одлучил да ја посети Венеција на почетокот од зимската сезона, која и не е толку омилена меѓу туристите.
- Сум бил во Венеција пред долго време и она што можев да го запомнам се лудите туристи и метежот. И не е чудно, со оглед на тоа што мојата посета беше во лето. Минатиот викенд одлучив да ја посетам Венеција во зима. Сите ми велеа: Зошто Венеција? Не е период за посета. И токму тоа беше целта. Сметав дека посетата на Венеција во зима е паметен потег за избегнување на метежот и бев во право. Мојот викенд во Венеција беше одличен.
Немаше многу луѓе, особено на зајдисонце и изгрејсонце. Буквално немаше никој на најпопуларната локација, мостот Академија.
Цените на хотелот беа пониски за време на зимската сезона, па можете да резервирате хотел во близина на центарот за пониска сума.
Можете да го искусите вистинскиот градски живот. Видов како мештаните го живеат животот. Видов како децата одат на училиште. Видов како трговците продаваат стока на улиците - вели фотографот Алберт, кој ги споделува и фотографиите што ги направил од посетата на Венеција.
Извор:
Bored Panda
Фото:
Albertdros.com