Првите работи во животот секогаш се паметат, а Jägermeister викендов им овозможи на голем број луѓе да имаат уникатни искуства на забавата која се одржа во Центарот за дизајн и иновација „Јавна соба“ во Скопје. Присутните се журкаа во соба од мраз каде можеа и да седнат на леден трон, ги почувствуваа мирисите на растенијата од кои е направен пијалакот и погледнаа инвентивна историска изложба додека диџеите Гоце САФ, Чваре и Флудер му дадоа ритам на настанот со сет-листи инспирирани од брендот. Повод за забавата беше новото редизајнирано шише на Jägermeister, но причината беше да им се овозможи на гостите да почувствуваат на своја кожа нешто ново и поинакво.
На самиот влез, луѓето добиваа пијалак за добредојде и мапа која ги водеше низ зоните на уникатни искуства. Во историската соба беа изложени слики од повеќето шишиња на Jägermeister уште од времето на основањето на брендот пред повеќе од 100 години, а меѓу нив се најде и новото редизајнирано шише.
Во собата на вкусови и ароми, присутните можеа да ги допрат и помирисаат зачините и состојките од кои се прави овој пијалак кој е одличен дигестив и симбол на незаборавните журки. Сепак најголемо внимание предизвика ледената зона која беше поставена пред „Јавна соба“ и каде температурите беа под нулата. Во тој дел пијалаците беа најстудени, а присутните можеа да се сликаат седнати на трон направен од мраз.