X
 09.11.2016 Технологија

Кој користи пејџер во денешно време?

За да се формира слика за напредокот на технологијата, доволно е да се вратите до 80тите години на минатиот век. За разлика од уредите што се користат денес кои имаат безброј функции, пред 3-4 децении работите беа сосема поинакви.

пејџер


Пејџерот е синоним на 1980тите, користен од доктори, адвокати, јавни службеници и слично. Во 1990тите овој уред стана популарен и во поп-музиката. Уредот прима и прикажува пораки со текст или бројки, и гласовни пораки. Ако помислите дека поради досегашниот технолошки развој е целосно исфрлен од употреба., ќе погрешите. Еве кој сé ште користи пејџер:

Лекари

Пејџерите може да изгледаат како уназадено технолошко решение, но тие се во предност кога станува збор за безбедноста на податоците. Додека со паметните телефони податоците се изложени на голем ризик, пејџерите се безбеден начин за да се пренесе порака. Едноставните функции прават да е речиси невозможно да се пратат доверливи податоци случајно или поради невнимание.

Нуклеарни инженери

Нуклеарните централи можеби асоцираат на развиена технологија, но операторите во централите користат пејџери и со нив се праќаат безбедносни сигнали, се надгледува опрема и се комуницира за промени. Од друга страна, речиси е невозможно да се користи интернет и мобилни сигнали низ дебелите бетонски ѕидови.

Пожарникари и вработени во итна помош

Американците сѐ уште трошат пари на пејџери. Во 2012 таа сума изнесувала 7 милиони долари. Многу од нив се користат од пожарникари и медицински лица од итна помош кои треба да бидат на повик. Со пејџерот пораката која се пренесува е кратка и лесна да се разбере и не се троши батеријата како кај модерните телефони.

Набљудувачи на птици

Иако ова не е работа како онаа во пожарна служба или итна медицинска помош, и овие луѓе мора да бидат на штрек. Пејџерот се користи за известувања за птици во близина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија