X
 04.04.2018 Живот

Како да продолжите со учење кога имате густ распоред?

ucenje
Фото: Pexels

Кога животните обврски ќе нè стигнат, нè удира сè одеднаш - кога кариерата е во залет и имате некакво хоби, а можеби и семејство - времето станува луксуз. Едвај можете да стигнете во канцеларијата наутро, а не пак да учите или да направите нешто за себе пред или после работа.

Кога ќе се случи тоа, работите што некогаш биле важни завршуваат на последно место. Меѓу нив е и учењето и развивањето на знаењата и вештините.

„Јутјуб“


Учењето е на клик од вас. Сите сме на „Јутјуб“ поради оваа или онаа причина. Но следниот пат кога ќе се изгубите во виртуелниот свет, направете го тоа на тема што ве интересира: фитнес, мода, астрофизика - постојат илјадници луѓе кои бесплатно ја пренесуваат својата експертиза. Постојат канали посветени на „Ексел“, „Фотошоп“ и други програми што можат да ви дадат предност на работа или да го подигнат вашето хоби на следното ниво.

Започнете да ги користите аудиокнигите

Учењето бара читање, но кој има време? Аудиокнигите можат да бидат решение што ќе го олесни усвојувањето на новиот материјал. Потребни ви се телефонот и слушалките.

Пронајдете ментор

Менторот на кој можете да му се обратите за совет за непознат терен е непроценлив начин да продолжете да растете во вашиот личен и професионален живот, кога немате време за конвенционалното учење. Менторите можат да ви пренесат вредно знаење собрано низ искуството и ако добро ве познаваат, можат да ве одведат на вистинскиот пат.

Вложете во културата


Музеи, документарни филмови и ТЕД говори - сето ова доаѓа предвид за да продолжите да учите. За да добиете навика да посветите повеќе внимание на културата, пријавете се за билтени и известувања за настаните во вашата област и претплатете се на вести и веб-локации што ве интересираат.

Учењето не мора да биде поврзано со враќањето во училиште. Вистина е дека повеќето луѓе немаат време да учат, но тоа не е изговор. Следете ги овие совети за вашиот ум и вашите вештини да бидат свежи без многу да ви одземат време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот