Марк Цукерберг во текот на оваа година дал
изјава на годишната конференција на компанијата : „Слушам гласови кои повикуваат на градење ѕидови и оддалечување на луѓето со користење етикети како „другите““ - се работи за прикриена изјава која се однесувала на Доналд Трамп.
Facebook имаат поголема мисија отколку само поврзување на луѓето : „Се бориме за поврзување на секое лице. За глобално општество, за зближување на луѓето, давајќи им глас, за ширење на идеи и култури помеѓу сите нации“ , велат од компанијата. Од техничка гледна точка, Facebook навистина ги поврзува луѓето. Но, заради оваа друштвена мрежа многу семејства, пријатели и соработници се разделиле заради судир на интереси, мислења, што предизвикало високи нивоа на страв и бес, како и ширење на бесмислици и лажни теории на заговори. Тоа се должи на хипер-персонализираниот News Feed.
Потребата на
Facebook да ве држи зависни од News Feed – от се случува со цел тие да остварат профит. Па така, оваа друштвена мрежа ви нуди поглед кон коментарите, обновувањата на статусите и постојана циркулација на нови информации. Приоритет се сториите кои ве тераат да се согласувате, отколку сториите и коментарите кои предизвикуваат предрасуди и општо јавно мислење. Facebook потрошиле години на подесување на алгоритамот кој одлучува што ќе се појавува на News Feed, согласно вашите најголеми желби, инстинкти и верувања.
Бомбардирањето со информации на оваа друштвена мрежа ја оштетува нашата способност за рационално размислување. Бидејќи се повеќе луѓе ги дознаваат најновите информации од светот преку Facebook, медиумите бараа оваа друштвена мрежа да преземе поголема одговорност за она што се сервира на јавноста, кога во ваков случај Facebook веќе се јавува како „уредник“ на вестите, со оглед на тоа дека News Feed – от е навистина персонализиран. Но друштвената мрежа нема намера да сноси одговорност за тоа. Иако мрежата служи за поврзување на луѓето, многумина ја користат и за исфрлање на бесот, ширење на теории на заговор, преку коментари и слично.
Buzzfeed открија дека многу тинејџери од Македонија се одговорни за многуте неточни објави (шеги) кои имаат и по илјадници споделувања. Сите од овие „приказни“ биле во корист на Доналд Трамп. Прашањето е зошто Facebook
не го променува својот алгоритам за да ни обезбеди пристап до балансирани информации. Одговорот на ова прашање е дека компанијата не е во улога на уредник и ја нема таа обврска, бидејќи се технолошкка а не медиумска компанија. Од компанијата и самите тврдат дека тие на своите корисници им го пружаат она што најмногу сакаат да го видат – сметаат дека тоа е погодно како за корисниците, така и за нивниот бизнис. Колку повеќе забележуваат содржини од нивен интерес, толку повеќе време поминуваат на социјалната мрежа.
Мислењата на експертите се поделени : Некои сметаат дека компанијата би требало да преземе нешто во врска со ова, а други пак велат дека природата на луѓето е „виновна“ што податоците кои ги дознава на оваа мрежа не се балансирани. Многумина не ги читаат „Terms of Service“, не внимаваат на подесувањата и приватноста на начинот на кој што треба тоа да го прават.