X
 11.11.2016 Технологија

Нови промени во Facebook Messenger

Facebook ќе памети за што зборувате со пријателите, што споменувате во разговорите, какви фотографии и линкови праќате, како и се што работиме на Facebook.


Корисниците на најпопуларните друштвени мрежи сигурно нема да бидат воодушевени од новините кои наскоро ќе се воведат на Facebook Messenger. Рекламите секако не се новост, но во иднина компаниите ќе ја анализираат вашата комуникација со пријателите, па во текот на допишувањата ќе добивате маркетиншки пораки поврзани со содржината на вашиот разговор. Целта е Messenger - от да научи што ние сакаме, да открие што ни е потребно и сето тоа да ни го пласира по пат на реклами преку messenger апликација.

На почетокот компаниите и поединците нема да можат да праќаат  реклами на сите корисници, но подоцна тоа ќе се промени. На основа на контекстот како и интересот на корисникот, Messenger - от ќе цели само на онаа група која ја интересира пласираната содржина.
 
Марките на облека и поединците кои користеле Messenger веднаш можат да разговараат за праќање реклами на потрошувачи кои ги користеле нивните услуги, а потоа и на сите други корисници на апликацијата, користејќи ги алатите на целното рекламирање.

Рекламите ќе содржат пораки, фотографии и линкови до производите кои корисникот или купувачот ги нуди. На пример, ако со пријателите разговарате за подарок за роденден и се задржите на вратоврски или шешири во иднина ќе добивате реклами со кои ќе ви бидат понудени тие производи од вашата непосредна близина (град или земјата во која живеете).
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија